Aida Cako
19 Септември 2025•Ажурирај: 24 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Црвените панди Хејзел и Коси го привлекуваат вниманието на посетителите во Зоолошката градина „Жарден де Плант“ во Париз овој септември со своето живо и разиграно присуство, јавува Анадолу.
Посетителите се маѓепсани од нивното шармантно однесување и топлите сцени што ги создаваат заедно.
Парот панди на 12 јуни ова лето станаа родители на две младенчиња, кои сè уште се кријат во гнездото со својата мајка.
Чуварите на зоолошката градина велат дека бебињата се во рана фаза на развој и дека се очекува да излезат во наредните недели.
Црвените панди се наоѓаат на списокот на загрозени видови, а програмите за конзервација во европските зоолошки градини играат клучна улога за нивниот опстанок.