Ekipa
30 Април 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
КАМПАЛА (АА) – ОМЕР ФАРУК ОЗБИЛ -
Шарените капи наречени енкофири, што ги носат муслиманите во Уганда, со години се прифатени како симбол на Рамазан, светиот месец на муслиманите, пишува Агенција Анадолија (АА).
Муслиманите од Уганда носат традиционални капи, главно во бела боја, и долга облека за време на Рамазан. Меѓутоа, тие во секојдневниот живот носат и енкофири со различни бои и везови.
Енкофирата се смета за еден вид симбол на муслиманите во Уганда, каде што муслиманите и христијаните живеат заедно. Се подразбира дека лицето кое носи традиционална енкофира е муслиман.
Традиционалните енкофири што ги користеле арапските муслимани кои дошле во Африка пред неколку векови станале широко распространети меѓу народот Свахили.
Капите енкофири со текот на времето ја менувале бојата и обликот и се приспособувале на африканската култура.
Се изработува со рачен вез, а најпосакувани се кафените, жолтите и бордо боите.