Ekipa
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
ТОКИО (АА) - Почина најстарото лице во светот, Јапонката Чијо Мијако, која имаше 117 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Владата на префектурата Канагава потврдија дека Чијо Мијако починала во неделата. На барање на нејзиното семејство, не се објавени никакви други детали поврзани со нејзината смрт.
Мијако беше родена на 2 мај 1901 година, а најстара во светот стана во април, откако почина Наби Таџима од островот Кикаи, јужна Јапонија.
Министерството за здравје, труд и социјална помош на Јапонија соопшти дека по смртта на Мијако, најстаро лице е 115-годишната Кане Танака од Фукуоке.
Најстариот маж во светот, Масази Нонака од Хокаидо, во средата го прослави 113. роденден.