Tuba Şahin
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Половина патници се желни да патуваат во следните три месеци, и покрај пандемијата на коронавирусот, што може да се припише на високото ниво на доверба кон здравствените мерки што ги спроведуваат аеродромите и авиокомпаниите, покажа анализата на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Меѓународниот совет на аеродроми наведоа дека патниците очекувале да се воведат нови мерки во борбата против коронавирусот, како и да се овозможи „бесконтактна опција“.
Неговата анализа покажа дека благиот пад на севкупниот сообраќај на патници е очекуван, како и промената во врска со главната причина за патувањата, која сега во помал удел е работата, а почести се патувањата од лични причини.
Извршниот директор на Меѓународниот совет на аеродроми, Луис Фелипе де Оливеира, рече дека аеродромите, авиокомпаниите и нивните партнери мора да продолжат да го зголемуваат нивото на доверба на патниците, како и да овозможат спроведување на мерките воведени за патниците да останат здрави и безбедни.
Откако се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, коронавирусот се прошири во најмалку 190 земји и региони.
На светско ниво, од последици предизвикани од Ковид-19 починаа над 1,21 милион луѓе, потврдени се над 47,44 милиони случаи, а над 31,63 милиони луѓе се излекуваа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.