Islam Uddin
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Австралиската држава Викторија објави дека регистрирала над 2.297 случаи на Ковид-19, највисокиот број на случаи на дневно ниво откако започна пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според владиниот Оддел за здравство на Викторија во државата регистрирани се 20.505 активни случаи, од кои 706 се хоспитализирани.
Вкупниот број на потврдени случаи во Викторија од почетокот на пандемијата е 59.710. Со новите 11 смртни случаи, бројот на починати од вирусот се искачи на 945.
Околу 87.6 проценти од жителите на Викторија на возраст од 16 и повеќе години досега ја имаат примено барем првата доза од Ковид -19 вакцината, додека 63 проценти се целосно вакцинирани.
За да се забрза вакцинацијата, Викторија отвара мобилни пунктови за вакцинација низ населбите и тоа на приградските улици, во продавниците, теретаните и клубовите на заедниците.
Во целост, Австралија има аплицирано 31.4 милиони дози од вакцините против Ковид-19, а преку 52 проценти од популацијата е целосно вакцинирана.