Faruk Zorlu
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
МЕЛБУРН (АА) - Бројот на смртни случаи во Австралија предизвикани од новиот тип коронавирус се искачи на 99, со последниот смртен случај регистриран во Нов Јужен Велс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените власти соопштија дека 60-годишен маж починал во болницата во главниот град Сиднеј.
Бројот на починати од Ковид-19 во Нов Јужен Велс сега изнесува 48.
Австралија спроведе над 760.000 тестирања за коронавирусот, а од него закрепнаа вкупно 6.367 пациенти.
Во меѓувреме, 12 објекта на ланецот за брза храна „Мекдоналдс“ беа привремено затворени, откако возач кој пренесувал намирници до објектите во Мелбурн, беше позитивен на коронавирусот.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 315.000 луѓе во светот, над 4,7 милиони се заразени, додека излекувани се 1,7 милиони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.