Şeyma Uzundere
26 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
АНКАРА
„Еј-би-си њуз“ (ABC News) објави вест во која наведува дека премиерот на австралиската држава Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, објавил дека вовеле полициски час поради зголемувањето на случаите со новиот сој на коронавирусот, Делта, во државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Береџиклиан предупреди дека во следните денови може да се детектираат повеќе случаи на зараза со новиот сој на коронавирусот.
Како дел од новите превентивни мерки воведени во Нов Јужен Велс, полицискиот час во регионите на покраината Голем Сиднеј, Сини Планини, Централниот Брег и Волонгонг ќе започне во 18:00 часот денес и се очекува да трае до 23:59 часот во петок, 9 јули.
За време на полицискиот час помеѓу овие датуми забрането е излегување на улица, освен за задоволување на потребите за храна и медицинска нега.
Луѓето што не работат од дома ќе бидат изземени од ограничувањето.
Во периодот од 26 јуни до 9 јули забрането е организирањето свадби, а под услов да се почитуваат мерките за социјална дистанца, погребните церемонии се ограничени на најмногу 100 лица.