Servet Günerigök
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус во Соединетите Американски Држави (САД) надмина 60.000, покажаа податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Универзитетот, во САД се регистрирани 60.207 смртни случаи и 1.030.487 дијагностицирани случаи со Ковид-19.
САД и понатаму се на првото место во светот по бројот на починати и бројот на заразени од вирусот
Италија регистрираше 27.682 смртни случаи, а по неа следи Шпанија со 24.275.
Според податоците, речиси 117.000 пациенти во САД се излекувале од коронавирусот.
Во сојузната држава Њујорк, епицентарот на Ковид-19 во САД, регистрирани се 23.384 смртни случаи и 299.691 заразени, по која следи Њу Џерси со 6.771 починати и 116.365 заразени.
Претходно во текот на денешниот ден, висок здравствен претставник предупреди дека е неизбежен втор бран на пандемијата
Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, изјави дека земјата би можела да има „лоша есен и лоша зима“ доколку не бидат поставени јасни контрамерки за борба против Ковид-19.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони.
Во светот има над 3,17 милиони случаи со Ковид-19, додека бројот на починати се доближува до 226.000