İlyas Tayfun Salcı
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ЛОНДОН
Британските научници започнаа на пациенти да тестираат нов лек кој го развија за лекување на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новиот лек го разви компанијата од градот Саутхемптон, а тестирањето започна со примена на 75 заболени лица кои се хоспитализирани во универзитетската болница во тој град.
Би-би-си јавува дека лекот е направен на база на интерферон бета протеини кои ги произведува и човечкиот организам и кои се сметаат за прв штит на човековиот имунолошки систем.
Ричард Марсден, челникот на компанијата која го разви лекот изјави дека коронавирусот го блокира произведувањето на интерферон бета протеин во организмот, а дека со новиот лек тие протеини со прскање директно се внесуваат во респираторниот тракт.
Тој изјави дека лекот ќе биде користен и за лекување на други респиторни болести како астма.
Тестирањето на пациентите ќе трае до крајот на јуни, а во случај да се покаже ефикасно, до крајот на годината би можел да и биде достапен и на пошироката јавност.