Abdula Berisha
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
СКОПЈЕ
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 36 оздравени пациенти од новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што бројот на излечени пациенти изнесува 337, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Министерството информираат дека на Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години, со што вкупниот број на починати се искачи на 57.
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата изнесува 1.326.
Во изминатото деноноќие во Северна Македонија се направени 408 теста, вкупно 14.057 тестирања на Ковид-19 досега.
Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок, ќе биде од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
За време на викендите забраната за движење ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.