Gözde Bayar
02 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА
Според податоците ажурирани од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на починати од новиот тип коронавирус во САД изнесува над 5.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на потврдени случаи на заразување се искачи на 216.721, додека 8.672 заразени лица се излекувале.
Повеќето од смртните случаи се потврдени во сојузната држава Њујорк. Градот Њујорк е епицентар на вирусот во САД, каде се потврдени 1.374 жртви.
Податоците на Универзитетот со седиште во Мериленд покажаа дека во светот се заразени речиси 937.600 лица, а повеќе од 47.000 лица починале. Над 194.000 лица се излекувале.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот познат како Ковид-19 се прошири во најмалку 180 земји и региони.