Hasan Esen
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа уште 861 лице од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати се искачи 13.729, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на оваа земја, бројот на починати од Ковид-19 се искачи од 12.868 на 13.729 лица.
Во соопштението се наведува дека бројот на откриени случаи во земјата со раст од 4.618 се искачи на 103.093.
Се истакнува дека во последните 24 часа 13.839 лица биле тестирани за Ковид-19, со што вкупно се извршени 417.649 тестирања.