Büşra Selvi Öğütcen
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Во изминатите 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот во Индија починаа 903 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека вкупниот број смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19 во таа земја е зголемен на 102.685.
Само во последното деноноќие во Индија се потврдени уште 74.442 нови случаи на заразеност со коронавирусот, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во таа земја се зголеми на 6.623.815 милиони, а оздравеа 5.586.703 милиони луѓе.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, Индија е втората земја во светот со најголем број случаи.