Ekipa
19 Април 2021•Ажурирај: 20 Април 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија денес се регистрирани повеќе од 270.000 новозаразени со коронавирусот, што е нов рекорд во еден ден, се соопштува од Министерството за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според последните податоци, во земјата се регистрирани 273.810 нови случаи на вирусот, додека вкупниот број надмина 15 милиони. Во последните 24 часа во таа азиска земја од последиците на вирусот починаа 1.619 лица.
Индија од минатиот четврток бележи над 200.000 случаи на Ковид-19 дневно.
Само во Њу Делхи се забележани повеќе од 25.000 случаи во изминатите 24 часа. Тоа доведе до тоа неколку градови да најават блокада за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
Арвинд Кејривал, член на Владата на сојузната индиска држава Делхи, изјави дека со порастот на бројот на новозаразени, тој регион се соочува со акутен недостаток на кислород.
Владата синоќа соопшти дека презела низа чекори, вклучувајќи забрана за испорака на кислород за индустриски цели од произведувачите и доставувачите, за да ги задоволи потребите на здравствениот систем.
Индија, која по бројот на заразени се наоѓа зад САД, од 2 април бележи најголем број случаи на дневно ниво.