Büşra Selvi Öğütcen
04 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во Индија се заразени повеќе од 20 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Министерството за здравство во Индија покажуваат дека во последните 24 часа бројот на заразени е зголемен за 357.229 и изнесува 20.282.833.
Воедно, починаа 3.449 лица, вкупно 222.408. Активни се 3.447.133 случаи на заразување.
Трендот на интензивно зголемување на бројот на заразени кој започна во април продолжува да расте.
Многу земји на Индија испратија помош во вид на медицинска опрема, а со цел поддршка во борбата против пандемијата.
Првиот случај на заразување во Индија е потврден на 30 јануари 2020 година, а бројот на заразени во еден дел продолжи интензивно да расте до 16 септември кога се потврдени 97.859 заразени во текот на 24 часа. Потоа доаѓа до константен падна бројот на новозаразени, за на 1 февруари 2021 да изнесува 8.587.
Сепак, по февруари се случува нов бран на заразување, многу поинтензивен од првиот.
Бројот на заразени на 4 април изнесуваше повеќе од 100.000, а на 15 април повеќе од 200.000, додека на 21 април повеќе од 300.000 и на 30 април повеќе од 400.000.
Порастот на бројот на новозаразени и хоспитализирани доведе и до пораст на смртните случаи. Така на 20 април се забележани повеќе од 2.000 починати од Ковид-19, а од 27 април повеќе од 3.000.
Во Индија до сега се дадени повеќе од 158,93 милиони дози на вакцина против Ковид-19.