Muhammet Kurşun
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 121 лице, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 9.863, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, изјави дека во истиот период се потврдени 2.445 нови случаи на вирусот и дека вкупниот број на заразени во земјата достигнал 209.970.
Лари, истакнувајќи дека 2.846 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, рече дека се излекувани 169.160 лица кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Таа напомена дека најмногу пациенти има во болниците во покраините Хузестан, Хурмузган и Источен Азербејџан.
Лари додаде дека во земјата се направени вкупно 1.475.331 тестирање за Ковид-19.
Во Иран, Ковид-19 за првпат беше евидентиран на 19 февруари, во градот Ком.