Muhammet Nazım Taşcı
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ВУХАН (АА) – Во Кина со триминутно молчење им беше оддадена последна почит на лицата што починаа во епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Низ целата земја и знамињата беа спуштени на половина копје, а исто така и со звуците на сирените на автомобилите беше оддадена почит за тие што починаа од Ковид-19, особено за здравствените работници.
Комеморативниот настан, кој започна во 10:00 часот по локално време, предизвика емотивни моменти, особено во градот Вухан, каде што се појави коронавирусот.
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во Вухан, кинеската покраина Хубеи, се рашири во речиси 200 земји и се прерасна во глобална пандемија.
Бројот на случаи на Ковид-19 во Кина се зголеми на 81.639, а низ целата земја како резултат на епидемијата починаа 3.326 лица.