Ali Cura
10 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на речиси 714.000, додека бројот на починати порасна на 11.017 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контролa и спречување на заразата од коронавирусот, во последните 24 часа откриени се уште 6.635 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на откриени случаи се зголеми на 713.936.
Во последните две недели бројот на регистрирани случаи со Ковид-19 е над 6.000.
Во последните 24 часа починаа уште 174 лица. Со ова, вкупниот број на починати порасна на 11.017.
Исто така, во земјата излекувани се уште 7.752 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 489.068 лица.
Трендот на пораст на бројот на заразени на дневно ниво е 0,9 отсто, а 25,2 отсто од заразените не покажуваат симптоми.
Во Москва, во последните 24 часа се потврдени 637 случаи на заразување, односно вкупно околу 228.000, додека бројот на починати е зголемен за 28 и изнесува 4.087.
Заводот за заштита на правата на потрошувачите и јавното здравје во Русија соопшти дека во последното деноноќие направени се 308.000 теста, вкупно 22.300.000 тестирања.
Мелита Вујновиќ, претставничка на Светската здравствена организација (СЗО) за Русија, во изјавата за новинската агенција РИА истакна дека дневниот број на регистрирани случаи во земјата во последните две недели не е паднат под 6.000 и дека тоа не е добар знак.
Во Русија првиот случај на Ковид-19 е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај поврзан со Ковид-19 е забележан на 19 март.
Кон крајот на март се воведени низа мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.