Nuri Aydın
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
АНКАРА (АА) – На светско ниво, бројката на лица позитивни на Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 30 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-сајтот „Worldometer“, што секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, досега позитивни на Ковид-19 се 30.000.698 лица.
Земја со најголем број лица кај кои е детектиран коронавирусот се САД со 6.925.941 заразен.
Првите 10 земји во светот со најголем број лица кај кои е детектиран Ковид-19 по САД се:
Индија (5.308.014), Бразил (4.497.434), Русија (1.091.186), Перу (756.412), Колумбија (750.471), Мексико (688.954), Шпанија (659.334), Јужноафриканска Република (657.627), Аргентина (613.658) и Чиле (442.827).
Во Турција регистрирани се 299.810 лица заразени со коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата од вирусот досега во светот починаа 956.450 лица, а оздравеа 22.340.128 лица. Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 7.401.473.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.