Nuri Aydın,Mehmet Şah Yılmaz
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Откако за првпат минатата година во декември беше откриен во градот Вухан во кинеската покраина Хубеи, новиот тип коронавирус (Ковид-19) се рашири низ повеќе од 200 земји и региони во светот и во моментов на овој вирус позитивни се повеќе од 29 милиони и 449 илјади лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-сајтот „Worldometer“, на кој секојдневно се ажурираат податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега како последица на заразеност со Ковид-19 на светско ниво животот го загубија 932.802 лица.
Досега во светот се детектирани 29.449.063 лица позитивни на Ковид-19, а оздравеа 21.280.298 лица претходно позитивни на коронавирусот.
Во моментов во тек е лекарскиот третман на 7.235.963 активни случаи на заразеност со Ковид-19.
САД се земја со најголем број смртни случаи и лица позитивни на коронавирусот во светот, со 6.749.289 заразени и 199 илјади починати како последица на заразеност со Ковид-19.
Земји во светот, покрај САД, во кои се регистрирани над 250 илјади лица позитивни на коронавирусот:
Индија (4.930.236), Бразил (4.349.544), Русија (1.68.320), Перу (733.860), Колумбија (721.892), Мексико (671.716), Јужноафриканска Република (650.749), Шпанија (593.730), Аргентина (565.446), Чиле (436.433), Иран (404.648), Франција (387.252), Велика Британија (371.125), Бангладеш (339.332), Саудиска Арабија (326.258), Пакистан (302.424), Ирак (294.478), Турција (292.878), Италија (288.761), Филипини (265.888) и Германија (263.221).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надмина 10.000:
Бразил (132.117), Индија (80.808), Мексико (71.049), Велика Британија (41.637), Италија (35.624), Франција (30.950), Перу (30.812), Шпанија (29.848), Иран (23.313), Колумбија (23.313), Русија (18.635), Јужноафриканска Република (15.499), Чиле (12.013), Аргентина (11.667) и Еквадор (10.922).