Alaattin Doğru
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
АНКАРА
Во Франција се регистрирани 58.432 случаи на новиот тип на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Агенцијата за јавно здравство, во Франција се регистрирани 58.432 случаи на зараза со коронавирус, од кои животот го загубија 91 лице.
Моментално во болниците се лекуваат 19.043 лица, од кои 3.572 се на одделенијата за интензивна нега.
Во Франција во петок, на 31 декември, со бројка од 232.200 новозаразени е забележана највисоката бројка на заразени од почетокот на епидемијата на Ковид-19.