Yusuf Özcan
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ПАРИЗ (АА) – Во Франција од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 17.167 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција, генералниот директор за здравство при француското Министерство за здравство, Жером Саломон, рече дека во последните 24 часа откриени се 4.560 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголемила на 147.863 лица.
Наведувајќи дека во болниците се лекуваат 31.779 лица, од кои 6.457 се наоѓаат на Одделот за интензивна нега, Саломон рече дека за првпат е намалена на бројката на пациенти во болниците.
Саломон, истакнувајќи дека во последните 24 часа 2.195 лица ја победиле болеста, рече дека вкупно во земјата се излекувани 31.000 лице.
Тој исто така додаде дека во болниците починале 10.643 лица, а во Домовите за стари лица од 1 март починале 6.524 лица, со што вкупната бројка на починати во земјата е зголемена на 17.167.
Франција е 4-та земја во светот со најголем број смртни случаи од Ковид-19.
- Премии за здравствените работници -
Од друга страна, францускиот премиер Едуард Филип истакна дека на здравствените работници кои се борат против Ковид-19 ќе им даде премија следниот месец од 500 до 1.500 евра.
Премиерот, исто така, изјави дека ќе им се даде по 150 евра на 4 милиони семејства со ниски приходи и 100 евра по дете.