Şenhan Bolelli
30 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јули 2020
МАДРИД
Министерството за здравство на Шпанија објави дека последната недела дена од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) починале20 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шпанија продолжува да ги ревидира бројките поврзани со смртни случаи предизвикани од Ковид-19, поради што објавува само неделни информации за бројката на смртни случаи и информации за новозаразените на дневно ниво. Бројката од 28.346 лица починати од коронавирусот што вчера беше објавена денес е ревидирана за 9 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Шпанија изнесува 28.355.
Во објавениот неделен извештај се наведува дека последните 7 дена се регистрирани 20 починати од Ковид-19, од кои најголемиот број потекнуваат од автономната област Мадрид (8).
Според PCR тестовите, во последните 24 часа вкупниот број на лица кои се позитивни на коронавирусот изнесува 249.271, од кои 99 во последните 24 часа.
Утре се отвора границата меѓу Шпанија и Португалија.
- Ситуацијата во Португалија
Владата на Португалија објави дека во последните 24 часа починале 8 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи предизвикани од пандемијата на коронавирусот на 1.576.
Во последните 24 час детектирани се 229 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на лица заразени со новиот тип на коронавирусот се искачи на 42.141.
Во последните 24 часа оздравеле 300 заразени со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на оздравени на 27.505.