Cüneyt Karadağ
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
БЕРЛИН
Во Германија од последиците на заразување со коронавирус починаа повеќе од 85.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот на „Роберт Кох“ (РКИ) е наведено дека во последните 24 часа заразувањето со коронавирус е потврдено кај 6.125 лица. Со тоа бројот на заразени е зголемен на 3.533.376.
Во последните 24 часа починаа 283 лица, вкупно 85.112.
Неделната инциденца, односно бројот на новозаразени на 100.000 жители е 115.4.
Првата доза на вакцина против Ковид-19 ја примија повеќе од 27.286.227 лица, а втората доза 7.813.381 лица.