Nuri Aydın,Zuhal Demirci
26 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Вкупниот број на откриени случаи на зараза со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 80 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“ која ги објавува податоците поврзани со случаите на починати и заразени во земјите низ светот, 1.757.995 луѓе ги загувија животите ширум светот како последица на аразеност со коронавирусот.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во светот изнесува 80.222.683, а оздравеа 56.490.614 лица претходно заразени со коронавирусот.
САД се земја со најголем број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот, вкупно 338.263 и најголем број на лица позитивни на Ковид-19, вкупно 19.210.166.
Земји од светот во кои, покрај САД, бројката на лица кај кои е детектиран Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (10.169.818), Бразил (7.448.560), Русија (2.992.706), Франција (2.547.771), Велика Британија (2.221.312), Турција (2.118.255), Италија (2.028.354), Шпанија (1.869.610), Германија (1.632.737), Колумбија (1.574.707), Аргентина (1.574.554), Мексико (1.372.243), Полска (1.249.079), Иран (1.189.203), Украина (1.019.876) и Перу (1.005.546).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:
Бразил (190.515), Индија (147.379), Мексико (121.837), Италија (71.359), Велика Британија (70.195), Франција (62.427), Иран (54.440), Русија (53.659), Шпанија (49.824), Аргентина (42.422), Колумбија (41.690), Перу (37.368), Германија (29.968), Полска (26.992), Јужноафриканска Република (26.276), Индонезија (20.847), Турција (19.371), Белгија (19.038), Украина (17.702), Чиле (16.358), Романија (15.023), Канада (14.719), Еквадор (13.984), Ирак (12.755), Чешка (10.950) и Холандија (10,924).