Sefa Mutlu
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со неговите колеги од Алжир и Индонезија, соопшти турскиот Директорат за комуникации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Директоратот се вели дека Ердоган разговарал одвоено со лидерот на Алжир, Абделмаџид Тебун и лидерот на Индонезија Џоко Видодо.
Лидерите разменија честитки по повод Рамазан Бајрам.
Ердоган и Тебун дискутираа за борбата против Ковид-19 и билатералните односи како и регионалните прашања.
Претседателот Ердоган во разговорот со Видодо дискутираше за борбата против Ковид-19 и чекорите за зајакнување на односите меѓу двете земји.
Новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони во светот. САД, Русија, Бразил и неколку европски земји се најтешко погодени од вирусот.
Пандемијата одзеде речиси 348.000 животи во светот, регистрирани се над 5.54 милиони лица позитини на Ковид-19, а од заразеност со вирусот оздравеа 2.27 милиони луѓе, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ од САД.