Gözde Bayar
16 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Турција го направи задолжително носењето на заштитни маски за лице на јавни места во уште пет области во земјата, како дел од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа преку Твитер објави дека носењето маски е задолжително и во турските области Дијарбакир, Ерзурум, Кајсери, Ризе и Шанлиурфа. Условот за носење маски се применува во 42 области во Турција.
Во Турција досега има дијагностицирани 179.831 случај на Ковид-19. Починаа вкупно 4.825 луѓе, а 152.364 се излекуваа.
Пандемијата досега зеде над 436.000 животи во речиси 200 земји и региони во светот откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, изминатиот декември. Соединетите Американски Држави (САД), Бразил и Русија во моментов се најтешко погодени земји.
Во светот се регистрирани над 8 милиони случаи на вирусот, а досега се излекуваа над 3,83 милиони луѓе, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.