Barış Seçkin
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 130 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 32.616, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 59.322 активни случаи на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 228.658.
Денес се излекувани 2.160 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 136.720 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 130 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 32.616 лица.
Според соопштеното, 595 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 3.318.778 тестирања за Ковид-19.