Barış Seçkin
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 285 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 27.967, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата се наоѓаат 101.551 активен случај со Ковид-19, додека вкупниот број на откриени случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 205.463.
Тој нагласи дека денес се излекувани 4.693 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 75.945 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 285 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 27.967 лица.
Тој рече дека 1.694 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Според податоците на Цивилната одбрана, досега во земјата биле извршени 1.979.217 тестирања з Ковид-19.