Atila Altuntaş
18 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
СТОХКОЛМ
Во шведската Општина Упландс-Бро, во рамките на мерките воведени со цел сузбивање на ширењето на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), започнаа со употреба на роботи за водење на интервјуата за работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа општина во Стокхолм роботот Тенгаи ги извршува интервјуата наместо експерти за човечки ресуррси.
Роботот развиен со помош на вештачка интелигенција во Кралскиот институт за технологија (KTH), се користи при разговор за работа.
Хава Илхан, директорката за човекови права во општината Упландс-Бро, изјави дека оваа институција во 2019 година за прв пат спровела интервјуа за работа со помош на робот.
„Овој пат, додека трае Ковид-19, во директни разговори за работа започнавме да ја користиме и новата верзија на роботи“, изјави Илхан.
Таа истакна дека моментално користат три роботи за оваа намена, додавајќи дека овие технолошки достигнувања се огромна прилика не само во борбата против Ковид-19, туку и да се спречи дискриминацијата и непотизмот при вработување.
Овој робот моментално може да прави интервјуа на вкупно 40 јазици.