Büşra Selvi Öğütcen
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
АНКАРА
Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека треба да развие нова вакцина против варијантата Омикрон на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за „Financial Times“, главниот извршен директор на „Модерна“ Стефан Бансел изјави дека мутациите во варијанта му помогнале на Омикрон да ја избегне заштитата што ја даваат сегашните вакцини.
Бансел соопшти дека затоа треба да се развие нова вакцина за варијантата Омикрон.
Истакнувајќи дека може да бидат потребни месеци за да се развие нова вакцина против Омикрон, Бансел додаде дека оваа варијанта предизвикува многу мутации во „шилец“ протеинот што му овозможува на Ковид-19 да се закачи и да навлезе во човечките клетки.
Бансел нагласи и дека постојните вакцини можеби ќе треба да се заменат следната година.
- Потребни се месеци за да се произведе вакцина за Омикрон во големи количества
Бансел нагласи дека сегашните вакцини го таргетираат „шилец“ протеинот за зајакнување на имунолошкиот систем за борба против Ковид-19.
Истакнувајќи дека научниците се загрижени дека 32 од 50 мутации во варијантата Омикрон се во „шилец“ протеинот, Бансел додаде дека според експертите варијанта со толку многу мутации нема да се види 1 или 2 години.
Меѓу другото Бансел посочи дека податоците за ефектот на сегашните вакцини против Омикрон треба да бидат готови во рок од две недели.
Нагласувајќи дека ќе бидат потребни месеци за да се произведат големи количества на вакцината специфична за Омикрон, Бансел наведе дека во меѓувреме може да се даде уште една доза на постарите лица или оние со ослабен имунолошки систем.
Бансел нагласи дека Модерна мисли дека до 2022 година може да се произведат 2-3 милијарди дози вакцина.