Ali Cura,Dmitri Chirciu
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
МОСКВА
Рускиот Центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 7.176 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 606.881, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие регистрирани се 154 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од коронавирусот во Русија се искачи на 8.513. Во истиот период оздравеа 12.393 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени се искачи на 368.822.
Во Русија продолжува лекувањето на 229.549 лица заразени со коронавирусот, а процентот на новодектираните случаи забележува раст од 1,2%. Кај 31,6% од новодетектираните случаи не се забележани симптоми на коронавирусот.
Во Москва во последните 24 часа детектирани се 811 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во градот се искачи на 216.906, додека во истиот период регистрирани се 14 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во главниот град на Русија изнесува 3.657.
Досега во Русија се спроведени над 17,8 милиони тестирања.
Во моментов 309.200 заразени лица се под надзор.