Islam Uddin
19 Април 2021•Ажурирај: 20 Април 2021
АНКАРА (АА) - Нов Зеланд официјално денес ги отвори своите граници со Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државното радио „Нов Зеланд“ пренесе дека стотици патници од Австралија пристигнале во Оукленд, Велингтон, Крајстчрч и Квинстон и дека срдечно биле пречекани на аеродромите.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која присуствуваше на церемонијата на аеродромот „Велингтон“, изјави дека е возбудливо да се пречекаат „роднините“ без карантин.
На почетокот на овој месец, таа ја објави можноста за патување без карантин од Австралија, наведувајќи дека ризикот од пренесување на Ковид-19 од Австралија во Нов Зеланд е мал.
Минатиот октомври, Австралија ги отвори своите граници и дозволи патување без карантин од Нов Зеланд, откако ги намали ограничувањата поради вирусот.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, во Австралија досега се регистрирани 29.543 случаи на Ковид-19 и 910 смртни случаи, додека во Нов Зеланд се регистрирани 2.596 и 26 смртни случаи.