Ekip
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
ПАРИЗ
Париз и регионот Ил де Франс синоќа беа ставени во состојба на максимална готовност поради зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19, при што се очекува преземање и на други рестриктивни мерки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на премиерот Жан Кастекс соопшти дека дополнителните рестриктивни мерки ќе бидат објавени од вторник, а ќе се одржи прес-конференција со министерот за здравство, Оливие Веран, денес во 11:30 часот по локално време, за да се објави соопштението.
Рестораните ќе можат да останат отворени ако ги следат здравствените протоколи, но баровите од утре нема да работат 15 дена. Условите на протоколите ќе бидат наведени во денешното соопштение.
Според податоците на Министерството за здравство на Франција, бројот на случаи вчера се искачи за 12.565 на вкупно 619.190. Потврдени се 32 нови смртни случаи, при што вкупниот број на починати од последиците на вирусот изнесува 32.230.
Хоспитализирани се 4.264 пациенти, а 893 пациенти се на интензивна нега.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројот на случаите на заразување со Ковид-19 во светот изнесува над 35 милиони, а бројот на жртви од последиците на вирусот 1,03 милиони. Повеќе од 24 милиони лица се оздравени.