Büşra Selvi Öğütcen
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 2 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците од страницата „Worldometer“, која ги прикажува најновите информации за бројот на заразени со коронавирусот (Ковид-19), низ светот од овој вирус заразени се 2.000.231 лице.
Најмногу случаи на заразување регистрирани се во Соединетите Американски Држави (САД) - 614.246. По САД, најмногу заразени има во Шпанија - 174.060, потоа во Италија - 162.488, Франција - 143.303, Германија - 132.210 и во Велика Вританија - 93.873.
Во Кина заразени се 82.295 лица.
Во Иран на Ковид-19 позитивни се 74.877 лица, во Турција 65.111, Белгија - 31.119, Холандија - 27.419, Канада - 27.063 и во Швајцарија - 25.936.
Останатите земји со повеќе од 10 илјади потврдени случаи се Бразил - 25.684, Русија - 21.102, Португалија - 17.448, Австрија - 14.234, Израел - 12.046, Индија - 11.487, Ирска - 11.479, Шведска - 11.445, Јужна Кореја - 10.591 и Перу - 10.303.
Откако во месец декември минатата година се појави во Кина, коронавирусот се прошири во земјите низ светот.
Во светот, од овој вирус починаа 126.758 лица, а излекувани се 484.729 лица.