Hasan Esen
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ЛОНДОН
Британскиот премиер Борис Џонсон денес е префрлен на интензивна нега, се соопштува од Даунинг Стрит, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Премиерот од синоќа е под надзор на лекарите во болницата Сент Томас во Лондон, откако беше примен со постојани симптоми на Ковид-19“, соопшти портпаролот на Даунинг Стрит.
„Во текот на ова попладне, состојбата на премиерот се влоши, и според совет на неговиот лекарски тим, тој е префрлен на интензивна нега во болницата“, изјави тој.
Во продолжение се вели дека Џонсон побарал од министерот за надворешни работи, Доминик Раб, првиот државен секретар, да го замени доколку тоа е потребно.
„На премиерот му е пружена одлична нега и благодарение на вработените на Националната здравствена служба и нивната напорна работа и залагање“, се истакнува од Даунинг Стрит.
Џонсон беше позитивен на тестот на Ковид-19 пред 11 дена, а синоќа беше примен во болница поради неговите постојани симптоми.