Hakan Çopur
16 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на заразени од новиот тип на коронавирус, Ковид-19, во Соединетите Американски Држави (САД) се приближи до 3.500, додека бројот на починати изнесува 65, јавува Агенција Анадолија (АА).
Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој во САД ги следи податоците поврзани со епидемијата на новиот тип на коронавирус, соопшти дека според најновите податоци, во САД продолжува да се зголемува бројот на заразени и починати.
Во извештајот што го објави овој универзитет се наведува дека новиот тип на коронавирус е детектиран во 49 од 50 држави на САД, при што, заклучно со синоќа, бројот на починати изнесува 65, а бројката на заразени од Ковид-19 се искачи на 3.485 случаи.
- Сенатаорот Грахам негативен на тестот -
Американскиот републикански сенатор Линдзи Грахам кој како превентива се стави во самоизолација, синоќа преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека неговиот тест на коронавирусот бил негативен.
Заблагодарувајќи му се на секого кој во овој период му пружил поддршка, сенаторот Грахам истакна дека кога ќе се врати во Конгресот, ќе продолжи и тој да ја дава својата поддршка за претседателот Трамп и Конгресот во борбата против коронавирусот.
Американскиоте медиуми објавија дека сојузната држава Вашингтон денеска во клиничка средина ќе започне со тестирањето на првата вакцина.
Тестирањето на вакцината ќе започне врз 45 здрави волонтери, а доколку тестирањето заврши успешно, одговорните лица предвидуваат дека од периодот на добивањето на дозвола од федералните институции до примената на вакцините врз луѓето ќе помине период од 12 до 18 месеци.
Претседателот на САД, Трамп, во петокот изјави дека поради новиот тип на коронавирус, на ниво на целата земја е прогласена „национална вонредна состојба“.
Во неделата, Централната банка на САД (Fed), каматната политика ја зеде во граници од 0 до 0,25 % и објави дека презела чекор за монетарна експанзија од 700 милијарди долари.