Beyza Binnur Dönmez
17 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Твитер соопшти дека од следната недела ќе започне со бришење на погрешните информации за вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Почнувајќи од следната недела, ќе дадеме приоритет на отстранувањето на најштетните погрешни информации, и во текот на наредните недели ќе започнеме со означување на твитовите кои содржат потенцијално лажни информации за вакцините“, соопштија од компанијата.
Твитови што поддржуваат неиздржани гласини, спорни тврдења, како и нецелосни или информации за вакцините надвор од контекст ќе бидат означени, и тие твитови „можно е да се пренасочат кон меродавни информации за јавното здравство или кон правилата на Твитер со цел да им обезбедат на луѓето дополнителен контекст и меродавни информации за Ковид-19“.
Компанијата истакна дека во услови на глобална пандемија, дезинформациите поврзани со вакцините претставуваат „значаен и растечки предизвик за јавното здравство“.
Но, критичарите ги обвинуваат компаниите на социјалните мрежи за цензурирање на слободата на говорот, за мешање во политиката и пречекорувања над нивните ограничувања.
Во светот има над 74,2 милиони случаи на вирусот и скоро 1,7 милиони смртни случаи, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Најпогодената држава од пандемијата, Соединетите Американски Држава (САД), вчера постигна нов рекорд на дневно ниво од над 3.600 смртни случаи. Досега има регистрирано 17 милиони случаи на вирусот и над 307.500 смртни случаи.