Burak Bir,Havva Kara Aydın
30 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јули 2020
АНКАРА
Во Турција денес се потврдени 1.293 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува речиси 200.000, изјави денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за здравство на социјалната мрежа Твитер напиша дека во изминатите 24 часа број на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 1.302 лица, со што вкупниот број на оздравени се искачи на 173.111.
Во текот на изминатиот ден во Турција се регистрирани 1.293 случаи на заразување, а вкупниот број на заразени во земјата изнесува 199.906.
Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 5.131, од кои 16 смртни случаи се пријавени во последните 24 часа.
Здравствените професионални лица од вчера извршија над 50.000 тестови за вирусот, со што вкупниот број на направени тестови достигна 3,38 милиони.
Коџа повтори дека Турција е решена да го намали бројот на заразени со коронавирус, повикувајќи ја јавноста со поголема претпазливост да ги почитува мерките со цел да се спречи ширењето на пандемијата.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, новиот тип на коронавирус се рашири во најмалку 188 земји и региони во светот.
Според податоците на порталот „Worldometer“, пандемијата досега одзеде над 509.500 животи во светот, повеќе од 10,45 милиони луѓе се позитивни на коронавирусот, а над 5,7 милиони оздравеа.