Yusuf Özcan
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 12.210 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жероме Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа кај 4.334 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се искачи на 64.338 лица, додека со раст од 31.415 заразени лица во старските домови, вкупната бројка на заразени лица со Ковид-19 во земјата изнесува 117.749 лица.
Саломон информираше дека во болниците се лекуваат 30.767 лица, од кои 7.066 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 23.306.
Според Саломон, во последните 24 часа починале 424 лица во болниците, со што вкупната бројка на починати во болниците се зголеми на 8.044 лица. Тој нагласи дека од 1 март досега во старските домови во земјата починале 4.166 лица, со што вкупната бројка на починати во болниците и старските домови ширум земјата изнесува 12.210 лица.
Нагласувајќи дека народот треба да продолжи да остане дома, тој рече дека кога ќе почне да се намали бројката на пациентите кои се наоѓаат во интензивна нега, тогаш може да се смета дека пандемијата е ставена под контрола.