Ahmet Furkan Mercan
28 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ТОКИО (АА) - Јапонија вчера ја одобри употребата на терапијата со сотровимаб на компаниите „ГлаксоСмитКлајн“ (GlaxoSmithKline) и „Вир бајотехнолоџи“ (Vir Biotechnology) за лекување на пациенти со благи симптоми на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јапонското Министерство за здравство ја овласти употребата на терапијата со антитела по препорака на комисија на експерти.
Сотровимаб, кој се администрира интравенски, ќе се користи за пациенти заразени со Ковид-19 на кои не им е потребна кислородна поддршка.
Клиничките тестирања покажаа дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 79 отсто.