Necmettin Karaca
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
ВАН (AA) - Абдул Менаф Коџак (62) од Ерџис, во близина на Ван, градот на истокот на Турција, веќе 40 години прави саз.
Коџак во разговор за Anadolu Agency (AA) раскажа дека со музички инструменти првпат се сретнал во 1972 година. Набргу потоа, покрај куќата направил ателје во кое почнал да прави сазови.
Поради голема заинтересираност и за поправка на сазови, го научил тоа.
„Со текот на времето го проширив знаењето за овој инструмент. Меѓутоа, денес имаме голем проблем со наоѓање работници и средства кои ни се потребни за поправање и правење саз“, рече Коџак.
Саз е дрвен музички инструмент од групата тамбури, кој потекнува од Иран. Најчесто има шест жици, меѓутоа, бројот на жиците може да биде и поголем - осум, дванаесет, па дури и повеќе, зависно од желбата на волјата на оној што ја гради или на интерпретарот.
Се работи за жичен инструмент кој припаѓа на групата тамбури. Звуците на сазот се произведуваат со удирање на терзијанот по жиците. Интерпретаторот го држи терзијанот во десната рака и удира по сите жици истовремено, за да се произведе максимална звучност.