Sümeyye Dilara Dinçer
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
АНКАРА
Познатиот американски рок-музичар Брус Спрингстин ги продаде сите свои албуми и правата за неговите музички дела за рекордна цена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите на „Би-би-си“ (BBC) се наведува дека 72-годишниот Спрингстин, кој освои 20 награди „Греми“, своите 20 албуми и музички права ги продал на „Сони мјузик“ (Sony Music).
Два извори, кои не сакаа да бидат именувани, за музичкиот магазин „Билборд“ (Billboard) истакнаа дека сумата од продажбата ќе достигне околу 500 милиони долари.
Се проценува дека ова е една од најскапите зделки за продажба на музика на сите времиња.
Спрингстин и „Сони мјузик“ сѐ уште немаат дадено изјава во врска на продажбата.