Zuhal Demirci
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) – Крајот на американската серија „Игра на тронови“, која е меѓу најгледаните серии во светот, ќе биде во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хоум бокс офис“ (HBO), фирмата-продуцент на серијата најави дека серијата што досега секоја сезона се емитуваше по 10 епизоди, во седмата сезона, во 2017 година ќе се емитува со 7 епизоди.
„Ејџ-би-о“ (HBO) соопшти дека серијата „Игра на тронови“, која постигна рекордна гледаност, ќе заврши на крајот од 8. сезона што ќе се емитува во 2018.
Шефот за програмата на каналот, Кејси Блојс најави дека сè уште не е утврдено тоа колку епизоди да се емитуваат во 8. сезона на серијата што ќе биде приспособена според книгата на Џорџ Р. Р. Мартин „Песна за мраз и оган“.
„Игра на тронови“, која беше номинирана на наградите „Еми“ за телевизиските продукции во САД, беше номинирана во 23 категории на наградите „Еми“ во 2016, кои ќе бидат објавени на 18 септември.