Elena Trenchevska Chekovic
28 Септември 2025•Ажурирај: 29 Септември 2025
ТРИНИДАД (AA) - Сместен на јужниот брег на Куба, градот Тринидад, кој е ставен на листата на светското наследство на УНЕСКО, продолжува да ги воодушевува посетителите со разнобојните куќи, калдрмите и зачуваната архитектура од шпанската ера, јавува Анадолу.
Фреквентните плоштади во градот, занаетчиските продавници и кафулињата исполнети со музика ја одразуваат вибрантната култура што опстојува паралелно со неговите историски фасади.
Тринидад, ставен на листата на УНЕСКО во 1988 година, е еден од најдобро зачуваните колонијални градови на Кариби, со корени од периодот на трговијата со шеќер во 19 век.
Денес привлекува илјадници туристи што сакаат да ја доживеат и неговата архитектонска убавина и богатата афрокубанска традиција.