Merve Yıldızalp
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Гласањето за избор на најдобра фотографија за 2015 година на Anadolu Agency (AA) заврши, а посетителите на веб-страницата на АА ги избраа најдобрите фотографии во трите фотографии "Живот", "Вест" и "Спорт".
За најдобра фотографија на АА во трите различни категории, а станува збор за фотографии кои ги забележаа фоторепортерите на АА од сите делови на светот, гласаа 115.000 лица.
Така, во категоријата "Вест" победи фотографијата на Фират Јурдакул "Операцијата на преместување на посмртните останки на Сулејман-шах од Сирија".
Во категоријата "Живот" најмногу гласови доби фотографијата на Октај Бајар под наслов "Осми март", а во категоријата "Спорт", победничка беше фотографијата на Орхан Аканат под наслов "Солзите на Арда Туран".
Anadolu Agency претходно ги објави фотографиите на своите фоторепортери кои во текот на 2015 година известуваа од сите делови на светот.
Фоторепортерите на АА, известувајќи од Перу, преку Франција, Украина, Либија, појасот Газа, Турција па сè до Бангладеш, Австрија, Индонезија и Филипините низ своите објективи успеаа да забележат единствени моменти и глетки.