Fatjon Cuka
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
ТИРАНА АА) – Музеите сме навикнати да ги гледаме во архитектонски посебни згради, поради културното значење што го имаат овие институции, но во Тирана, љубителите на историјата, носталгичарите на комунистичкиот режим, имаат можност во кафе-барот "Комитети" да направат "патување" во различни историски периоди на Албанија.
Арбен Цепани е идејниот творец, кој благодарение на неговата љубов кон албанската култура и традиција, го претвори во кафе –музеј со предмети што содржат вистински вредности на културолошкото наследство на Албанците.
Тој во разговор за АА, вели дека имал желба да ги зачува предметите во кој се поврзуваат албанската култура и историја, а првичната идеја беше да служи како музеј во една таква средина.
Посетителите на овој локал-музеј се од различни категории на луѓе, почнувајќи од студенти, постари луѓе, домашни и странски туристи, истражувачи, но не недостасуваат ниту носталгичарите. Во однос на туристите, ги има од Турција, Италија, САД, Германија и другите земји.
“Ова претствува вредност за градот поради предметите внатре, кои се културното наследство. Почнувајќи од страста што сум ја имал кон предметите, ова е една лична колекција од неколку години. Сум ги собрал од различни куќи, кај колекционерите, на пазар, секаде каде што сум имал можност да ги најдам овие предмети и најголемиот дел од нив се купени, но ова е повеќе љубов отколку бизнис. Тука е колекцијата на произведените телевизори во Албанија, радио уредите, колекција на пластики, порцелан, мебел што се производуваше во земјата. Нема ниту еден предмет-имитација, сите се автентични и се дел од периодот од 1700 – 1990 година, значи се предмети што се произведени или употребени во Албанија”, изјави тој за АА.
Додека посетителите пијат кафе тиа можат да “патуват” низ различните периоди на албанската историја и да се запознаат со албанското културно наследство. Предметите од комунистичкиот период се доста впчечатливи во овој кафе-музеј. Цепани наведува дека странците при посета на овој локал се запознаваат со комунизмот на Албанија во минијатура.
Што се може да се најде во овој кафе-музеј?
Предметите се разновидни, почнувајќи од книгите, потоа разни слики, облека , телевизори, радио уреди , столчиња, капи, воени униформи, збирки на весници, фотографии, предмети за домаќинството и многу други работи. Еден од редовните посетувачи на овој кафе-музеј е Севин Серјани, кој е граѓански активист во Аллбанија. Тој вели дека ова е една од новостите која може да се најде во Тирана, како и дека секој посетител се среќава со три периоди од историјата, Османлискиот, Пост-преродбата и диктатурата.
“Многу ми е драго кога ги носам туристите во овој кафе-музеј, можам да им раскажувам за албанската култура. Со изложеноста на овие предмети се прави вкрстување на различни култури, затоа беше потребен еден локал од овој вид", вели Серјани.
Елви Цанај, келнерот кој служи во овој кафе-музеј, носи традиционална униформа на локалот. Вели дека овој несекојдневен локал нуди различни тадиционални албански пијалоци. На туристите им се објаснуваат повеќето од изложените предмети и им се раскажува за нив, а тие се изненадуваат бидејќи не ја познаваат историјата на Албанија.