Mahmut Atanur,Adem Şalvarcıoğlu
03 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ЏАКАРТА (АА) – Кобрите од островот Јава, за кои во Индонезија постои верување дека се лековити, се користат во алтернативната медицина, пишува Anadolu Agency (AA).
Во вечерните часови, во областа Maнга Бесар, во западниот дел на Џакарта се поставуваат штандови со кобри.
Некои клиенти прават сирупи од крвта на змиите мешајќи ја со билки, додека пак другите наминуваат на штандовите поради месото што се пржи и се јаде.
На штандовите може да се најдат креми и капсули во кои има крв од кобра, но исто така, се прават и сирупи. Месото од змиите се пече на скара и се служи со лук, лимон и со пиперка.
Сирупот направен од крвта на кобрата е добар за алергија, дава сила и го забрзува метаболизмот. Исто така, се користи за нега на кожата, како афродизијак, но и како лек против алергии.
Една кобра се продава по цена од пет долари, а од нивните кожи се прават паричници и ремени.