Besar Ademi
06 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонските православни христијански верници пред храмот "Свети Климент Охридски" во Скопје, по 24-ти пат по ред традиционално го одбележуваат Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Манифестацијата започна со промоција на новото Бадниково знаме и проследено беше според традициите со осветувањето на гранките на Бадник , топла ракија и чај од поповите на Храмот. На крајот на церемонијата, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан му ја предадоа титулата на Кумот за Бадник за оваа година на Илија Малинковски.
Архиепископот на Македонската православна црква, Стефан, честитајќи го празникот, на граѓаните им посака здравје, среќа и успех. Тој додаде дека пред 20 векови Христос е роден во време во кое преовладуваа моралната и духовната криза, економска и политичка несигурност, а доминираат грабежите, насилството и тиранијата.
"Ваков беше светот пред 20 века. Сепак, потребно е да се запрашаме каква е оваа света земја и нејзиното општество денес, каков е Блискиот и Далечниот Исток, како е во Африка, како е кај нас на Балканот, особено како ќе биде во Европа ", рече Архиепископот Стефан, апелирајќи за мир и пријателство меѓу народите, културите и религиите.
Христијанските семејство за Бадник се соберат во вечерните часови и според традицијата на оваа вечер не се оди на гости. Се подготвува богата посна трпеза и се готват колачи, додека во некои земји се прави пита во која се вметнува паричка. Се верува дека кај оној што ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на годината. Исто така, ноќта на празникот Бадник се става бадниковото гранче, која според традицијата се смета за дрво, а се прави со верување дека ќе донесе здравје за целото семејство.
Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, како главна прослава на сите православни верници, бидејќи со Христовото раѓање се пресметува почетокот на новата ера.