Alperen Yurtoğlu
02 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Оваа година, првата почесна награда Оскар, која претставува најпрестижна награда во светот на филмот, Академијата за филмска уметност и наука му ја додели на глумецот Џеки Чен, роден во Хонгконг, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Академијата се вели дека на 62-годишниот глумец, писател, режисер и мајстор за боречки вештини, Џеки Чен, доделена му е наградата за почести „Гувернор авордс“ (Governors Awards) за неговиот извонреден успех во светот на филмот.
Џеки Чен е дете на мигранти, кои бегајќи од граѓанската војна во Кина, мигрираат во Австралија. Роден е во 1954 година, а актерската кариера ја започнува на 5-годишна возраст. Чен, кој завршил обука за боречки вештини и акробации, во 1978 година станува познат во светот на филмот со остварувањето „Змија во сенка на орелот“.
Чен глумел во повеќе од 150 филма, а има снимено и голем број музички албуми. Списанието „Форбс“ минатата година објави дека Чен, со прилив од 61 милион долари, се наоѓа во групата на актери кои најмногу заработиле.
- Останати добитници на почесната наградата Оскар – „Гувернор авордс“
Академијата за филмска уметност и наука престижната награда за оваа година ја додели и на филмската монтажерка Ен Коутс и режисерот Лин Сталмастер за филмот „Лоренс од Арабија" од 1963 година и на режисерот на документарни филмови Фредерик Вајсмен.
Претседателката на Академијата, Черил Бун Исакс, истакна дека секој од добитниците на наградата е „пионер и легенда во својата област“.
Наградите „Гувернорс авордс“ на свечена церемонија ќе им бидат доделени на добитниците во месец ноември. Академијата за филмска уметност и наука од 2009 година започна со доделување на „Гувернорс авордс“, позната како почесна награда Оскар.
Меѓу оние што ја добија престижната награда почесен Оскар се наоѓаат и Лорин Бекол, Анџелина Џоли, Опра Винфри и Стив Мартин.